Иако размислуваат дали да ја пратат во затвор, Линдзи упорно се забавува

На Линдзи Лохан и остана уште еден месец „слобода“ пред да го започне 90-дневниот период со психo-терапијата.
Меѓутоа, според пишувањата на американските медиуми, властите започнале да размислуваат дали е можеби посигурно кога би ја испратиле во затвор.

26-годишната ѕвезда на почетокот на месецот беше осудена на тримесечно лекување во клиника за рехабилитација со силни безбедносни мерки, бидејќи актерката ја лажеше полицијата при истрагата поврзана со сообраќајната несреќа во Малибу.

Со оглед на тоа што Лохан веќе еднаш беше на клиника за одвикнување во женскиот затвор во Лос Анџелес, тужителите размислуваат што да направат за овој пат да бидат построги мерките за безбедност.

Целиот случај би можел да биде повторно вратен на суд, каде би можела да се донесе нова пресуда.

Во меѓувреме, Линдзи не се грижеше многу за нејзината казна и се забавуваше лудо во ноќните клубови во Бразил. Актерката за викендов беше фотографирана на повеќе локации, меѓу кои и под масата на DJ-от, со намера да го избегне фотографирањето со бројните обожаватели.

- Реклама -