Иако со проблеми Porshe ги продаде сите 918 Spyder изведби

Хибридниот суперавтомобил на Porsche, новото 918 Spyder, чија цена надминува еден милион евра и покрај проблемите на стартот на продажбата, во моментов остварува извонредни постигнувања.

Првичниот скептицизам во однос на најбрзото Porsche и неговиот пласман на пазарот воопшто не беше мал, пред се поради високата цена, а истиот посебно се зголеми кога на почетокот на септември оваа година компанијата најави акција за повикување на возилата во сервисните центри, поради проблеми со суспензијата. Критиките кон супер автомобилот продолжија по едно клипче од Канада, на кое се гледа како 918 Spyder гори целосно. За причината немаше официјална информација, но според шпекулациите стануваше збор за проблем со погонскиот тракт.  Но, по се изгледа, сепак тоа не ја спречи популарноста на моделот и неодамна од брендот најавија дека практично сите предвидени примероци се однапред продадени.

Ќе потсетиме дека Porsche 918 Spyder е опремен со хибриден моќен тракт, вклучувајќи V-twin бензински мотор со зафатнина од 4.6 литри и два електромотори. Вкупната моќност на овие агрегати е 887 коњски сили. Од 0 до 100 km/h супер Porsche моделот забрзува за 2,6 секунди, а максималната брзина му е 345 km/h. При сета таа динамика потрошувачката на бензин е 3 литри на 100 километри.

Porsche 918 Spyder има и една поголема специјална верзија Таа е опремема со дополнителниот пакет Weissach Pack, благодарение на кој масата на хибридниот суперавтомобил се намалува за 41 килограм, а динамиката се подобрува суштински. Дополнителниот пакет чини 91.000 евра. Со него 918 Spyder достигнува 300 km/h за 19,9 секунди.

 

- Реклама -