И жените ќе добијат вијагра?

Лекот „Фибансерин“ на германската фармацевтска компанија „Beringer Ingelhajm“ кој првично требаше да биде антидепресив, изгледа дека ќе послужи за една друга, поинаква намена.

Со оглед на фактот дека жените кои учествувале во тестирањето на лекот се изјасниле дека за време на неговото пиење чувствувале зголемување на либидото, фармацевтската куќа одлучи да го пласира како женска вијагра.

Професорот д-р Џон Торп, шеф на истражувачкиот тим, објаснува дека лекот „Фибансерин“ иако бил лош антидепресив, сепак, се открило дека е доста ефикасен кога станува збор за поинакви намени. Лекот е особено важен за женската популација која е во менопауза, а од која значаен процент има проблеми со желбата за секс.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Ова сознание доведе до понатамошни клинички испитувања. Една студија која опфати две илјади жени во Канада, Европа и САД, доведе до интересни резултати. Жените кои земале дневна доза од 100 милиграми од лекот имале забележително зголемување на сексуалниот нагон.

Сепак, овие студии не се доволни за лекот веднаш да се најде во рацете на заинтересираната женска популација. Од фармацевтската компанија велат дека „Филбансерин“ сѐ уште е во експериментална фаза и дека на пазарот ќе се појави дури за две до три години.

Дека потребата од овој лек е голема, говори податокот за недостатокот на либидо од кое страда секоја десетта жена во светот.

- Реклама -