И Yamaha ќе прави автомобили

yam

Производителот на мотоцикли Yamaha потврди дека ќе биде подготвен со првиот сериски автомобил на крајот на 2017 година, надграден според креацијата на концептниот модел Sports Ride, прикажан на меѓународниот автомобилски салон во Токио во 2015 година.

Од компанијата засега не откриваат технички детали за возилото, но не кријат дека неговиот дизајн е инспириран од моторите. Концептот Sports Ride располага со две седишта и има компактни димензии – должина од 3.900, ширина од 1.720 и висина од 1.170 mm. Вкупната тежина е само 750 килограми, која е постигната благодарение на технологијата iStream, патентирана од познатиот британски конструктор Гордон Мареј, кој е меѓу креаторите на McLaren F1. Според извори блиски на компанијата моделот ќе биде опремен со мотор од мотоцикл Yamaha или со хибриден погон. И во двата случаи се тврди дека во основата на погонскиот систем е бензински мотор со зафатнина од 1.0-литри, со три цилиндри и моќност од околу 80 КС.

Ова нема да е прв обид на Јапонците да влезат во автомобилската индустрија. Во периодот 1967-1970 година Yamaha го произведуваше моделот Toyota 2000GT. Од неа се произведени вкупно 351 примерок. Подоцна производителот на мотоцикли пушти и целосно сопствен модел OX99-11, кој беше опремен со 12-цилиндерски мотор од Формула 1. Покрај тоа од Yamaha учествувале активно и во дизајнот и производството на мотори за други автомобилси компании. Токму оваа компанија го создаде моторот за супер изведбата Lexus LFA, како и за претходната генерација на Volvo XC90.

Автоплус

- Реклама -