И волкот сит, и невестите на број

p03cg5zl[1]

Во конзервативната Јужна Кореја, во ек е нова генерација на млади жени, кои го избегнуваат (или на неопределено време го одложуваат) бракот, а наместо тоа се посветуваат на академски дипломи и докторати, просперитетни кариери и високо-платени работни позиции.

Се разбира, тоа значи помалку време за дечковци, што и не им е главен проблем. Проблемот е друг: младите јужнокорејки не сакаат да се откажат од тоа да бидат невести. Нашиов народец има добра изрека за тоа, ама за атер на културата на пишување, ќе ја формулираме вака: „Сакаат да се чешлаат, а да не ги скубе“. И така, Јужнокорејкиве се прават наудрени и плаќаат добри пари за свадбени фотографии, но во сингл верзија.

Регуларната свадбена фото-сесија во Кореја, која вклучува и по неколку промени на гардеробата, чини некаде од 2.000 до 5.000 долари. Но, за сингл-невестите има попуст – за нив цената е околу 500 долари. А со оглед на тоа што „невестиве“ во просек имаат по 30 години и добро-платена работа, тоа се ич пари, кога ќе се земе во предвид дека си го остваруваат веројатно најголемиот сон што го имале кога биле мали девојчиња. Башка сами си ја бираат венчаницата што им ја рентаат.

Повеќе детали во видеото тука.

- Реклама -