За време на 1930-тите, САД се бореа не само со Големата депресија, туку и со националната паника околу безбедноста во сообраќајот. Проблемот беше до толку сериозен што претседателот Френклин Рузвелт им испрати писмо на државните гувернери, молејќи ги некако да го зауздаат „растечкиот број на загинати и повередени“ во несреќите со автомобили.
Целото тоа време, на лице место можеше да се види Лесли Џонс – фоторепортер на Boston Herald-Traveler, за да ги фотографира стотиците оштетени браници, ама и фаталните судари. Постепено, автомобилските производители воведуваа неопходни безбедносни мерки во автомобилите, како хидрауличните кочници, ама очигледно не со доволно брзо темпо, затоа што Џонс се изнаслика такви несреќи, од 1917 до 1956 година – речиси 40 години. Фотографирал и други аспекти од животот и градот, но овие му се најпознатите. Неговото семејство добро се имаше погрижено за негативите, а денес тие се дигитализирани под капата на Градската библиотека на Бостон.