И вецето е уметнички објект

Кога се работи за вециња, луѓето претпоставуваат дека формата постои единствено заради функцијата. Од друга страна, новата декадентна книга на Lonely Planet, наречена „Toilets: a Spotter’s Guide“, го извишува тоалетот до степен на уметнички објект.

Порцеланските, металните и камените субјекти на Toilets варираат од такви кои често ги користат, до речиси бескорисни. Повеќето се функционални, а некои се декоративни. Сите се третирани со почит, за разилка од генералната осуда што општеството ја има кон тоалетите. Има импровизирани полски тоалети и кралски тронови, има и такви дизајнирани од водечки архитекти со цена од стотици илјади долари. Секој од нив има своја привлечност, барем така тврди книгата – некои со својата скромност, некои со својот прекрасен поглед, а некои со својата историја.

Книгата им се смее на табуата и го „открива шармот“ на најзапоставената сфера од дизајнот на ентериер. Да, Toilets е книга за вецињата, ама е книга и за луѓето што нив ги користат.

Алјаска
Алјаска
Белизе
Белизе
Бразил
Бразил
Канада
Канада
Германија
Германија
Рејкјавик
Рејкјавик
Индија
Индија
Непал
Непал
Норвешка
Норвешка
Тајван
Тајван
Прототип за вселенски тоалет
Прототип за вселенски тоалет
Тунис
Тунис
Јута
Јута
- Реклама -