И тоа дочекавме: Дозволено крв и насилство во риалити шоу

WinterSurvivalcover[1]

По сé изгледа, конечно ќе дочекаме да видиме луѓе како умираат во реално шоу на телевизија. Не дека го чекавме, ама со оглед на тоа дека ваквата идеја до сега неколкупати била начната во филмовите, со акцент на жедноста на публиката да гледа крв и насилство насилство на ТВ – го очекувавме. Она што е можеби најизненадувачко е што не се работи за американско ТВ шоу, туку за руско, макар што ќе биде преведувано на неколку светски јазици.

Се очекува да почне во јули следната година, а на ТВ ќе се емитува 24 часа, нон стоп. Дејствието ќе се одвива во Сибир, на температури и до -40 степени Целзиусови, каде натпреварувачите опремени со ножеви ќе бидат оставени цели 9 месеци да се борат против мечки, волци, студ и сé друго непријателско што носи сибирската дивина. 30 натпреварувачи од сите страни на светот, од кои 15 мажи а 15 жени, ќе се борат за вкупна награда од 1.55 милиони евра.

Правилата на шоуто се сурови колку и самата сибирска дивина – дозволено е прилично сé што досега беше строго забрането, „па и алкохол, пушење, тепачки, убивање и силување“, стои во правилата. Бројни здруженија од светот веќе се побунија против целиот тој концепт.

Twig Bundle Fire On Snow                                   JackMtn.com

А главниот мозок (ако така можеме да го наречеме) зад тој концепт е Јевгениј Пјатковски (35), кој како прв услов за учество го поставува тоа натпреварувачите да потпишат дека се сложуваат со правилата. Притоа тие ќе мора да имаат повеќе од 18 години, а ќе мораат да бидат и „ментално здрави“. Плус, секој од нив ќе треба да плати по 150.000 евра, освен тие неколку што ќе влезат бесплатно преку онлајн гласање.

Во снимањето нема да учествуваат филмски екипи, туку просторот ќе биде опремен со 2.000 фиксни камери. Камери ќе носат и самите натпреварувачи, а ќе бидат опремени и со копче за узбуна поврзано со сателит. Продуцентите веруваат дека ова риалити шоу ќе ги привлече богатите и тие кои се склони на ризик и сакаат врвен предизвик. Пред да бидат „фрлени“ на милост и немилост на сибирската тајга, натпреварувачите ќе поминат обука кај поранешни оперативци на руската елитна специјална единица Spetznaz, што минимално ја олеснува борбата што ги чека со дивината во која снегот не се топи, а најчест извор на храна ќе им бидат рибите што ќе ги уловат под мразот. На крајот, сите кои ќе ги преживеат предвидените 9 месеци ќе ја поделат наградата.

16.12.rusko-realno-sou[1]

Дури и кога со потпис ќе се сложат на сите наведени услови, нема да биде баш сé така дозволено како што изгледа, ниту пак луѓето ќе бидат оставени целосно сами на себе. Така на пример, секое криминално дело останува криминално дело, затоа што правилата на шоуто, се разбира, не се над законите. Евентуално убиство за кое би имало доволно докази, би значело дека убиецот ќе си има работа со полицијата и ќе отслужува казна каква што му предвидува рускиот казнен закон.

Од друга страна, критичарите предупредуваат дека ваквите правила и самиот концепт на шоуто неминовно ќе придонесат за дивјачко однесување на учесниците, затоа што и самите ќе бидат оставени да живеат како диви животни. А ако нешто научивме од филмовите, тоа е дека на натпреварувачите ќе им биде од интерес да умрат што повеќе од нив – за помалку луѓе да ја поделат наградата и со тоа да добијат повеќе пари. Ако тоа не значи дека ќе бараат скриени начини да се убиваат меѓусебно без да ги фатат камерите, ќе значи дека барем ќе се молат другите да скинат конци.

here-are-some-crucial-winter-survival-tips-from-the-us-marine-corps[1]

- Реклама -