Иако сите знаеме за секс видеата на Памела Андерсон, Ким Кардашијан и Парис Хилтон, еве уште некоклу ѕвезди кои се запишаа на списокот: „снимки на познатите со нивните интимни домашни активности“.
1. Колин Фарел
Познато е дека Колин Фарел има успех со девојките, но можеби не знаевте дека неговите „успеси“ во спалната соба се овековечени со камера. Додека беше во врска со „Плејбој“ манекенката Никол Нарејн во 2006-та година, тие двајца заедно снимија секс видео од 14 минути. Колин делува како да е пијан, а во еден момент вели „Е*ено живеам од порничи“, Не е познато кој ја продал снимката, но Колин ја тужеше компанијата која го објави, по што беше отстрането.
2. Роб Лоу
Роб Лоу кон крајот на осумдесетите беше еден од најпосакуваните млади актери, но неговата кариера необјасниво згасна. Причина за тоа можно е да беше снимката на која можеше да се види Лоу со две девојки, од кои едната во текот на снимањето била малолетна. Лоу минатата година во Шоуто на Опра Винфри изјави дека објавувањето на таа снимка била една од „најдобрите работи што му се случиле во животот“, бидејќи шокот бил толку голем што го освестил и го натерал да побара помош поради неговата зависност.
3. Ерик Дејн
Ерик Дејн е познат како заводник доктор од серијата „Вовед во анатомија“, а пред неколку години се најде на насловните страници поради неговата порно снимка. Верен на репутацијата на заводник, Дејн на снимката е во акција со две жени, од кои едната е неговата сопруга Ребека Гејхарт и поранешната мисица Кери Ен Паниш. Глумецот меѓу другото на видеото се нарекува „крал на кокаинот“. Интересно е што ниту брачниот пар, ниту мисицата која им се придружи во спалната, не придаваа премногу значење на тоа што целиот свет ја гледаше нивната видео снимка.
4. Кание Вест
Сите знаеме за порно снимката на Ким Кардашијан, но и нејзиниот сегашен дечко со кој чекаат бебе, не е наивен. Видеото на Кание е долго 20 минути, а негова придружничка е 18 годишна мажена бринета, со изразени облини кои потсетуваат на Ким. Сепак, Вест строго го забранил објавувањето на видеото во јавноста.
5. Бритни Спирс
Постојат две снимки кои се „урбани легенди“. Бритни Спирс и Џенифер Лопез според огромен број извори припаѓаат на списокот „познати кои имаат домашни снимки“. Бритни го снимила нејзиното видео со папарацо фотографот Аднан Галиб, со кого беше во врска во врвот на нејзината психичка нестабилност. Таа успеа да го забрани неговото објавување.
6. Џенифер Лопез
Сепак, „шампион“ за забрани е популарната Џеј Ло, која има видео со нејзиниот поранешен сопруг Охани Ноа. Нејзиниот прв маж сакаше да открие се за нивниот брак, по пат на сите можни медиуми. Даваше изјави во сите медиуми, најавуваше книги, па дури и филм за нив двајцата. Сепак, адвокатите на Лопез некако успеаја да му забранат да ја оцрни во јавноста, па со самото тоа нема да го гледаме ниту порното кој тој наводно се уште го чува.
7. Тајсон Бекфорд
Сите девојки кои воздивнуваат за Тајсон Бекфорд, ѕвездата од голем број модни кампањи и спотови, на интернет можат да ја побараат и неговата домашна видео снимка. За разлика од останатите, Тајсон е сосема сам на видеото, на кое се самозадоволува во текот на видео-четот со една манекенка. Тој и самиот има признаено дека тоа на снимката е он, па дури и на Твитер еднаш напишал „па и не ми е нешто посебно домашното видео“.
8. Кејт Мос
Многумина коментираа „што мисли“ кога Кејт Мос започна да се гледа со рокерот Пит Доерти. Снимени се како заедно шмркаат кокаин, а имаат дури осум порно видеа, кои Доерти се обидуваше да ги продаде одкако раскинаа.