Црна Гора и официјално доби меѓународен код за црногорскиот јазик, во рамките на ISO 639 од меѓународниот стандард, потврдил директорот на Народната библиотека.
Ознаката за црногорскиот јазик ќе биде „CNR“. Одлуката ја донел обединет советодавен комитет за кодификација на јазикот со седиште во Вашингтон.
Овој комитет не само што го призна постоењето на црногорскиот јазик, туку и потврди дека истиот не е варијанта на српскиот јазик и дека има лингвистичка препознатливост.
Во оригинал ќе се вика „црногорски језик“ (на латиница и кирилица), „montenegrian“ на англиски и „montenegrin“ на француски.
Секако, веќе имаат и страница на Википедија.