Корејскиот производител Hyundai официјално го претстави вториот модел од луксузна марка Genesis. Тоа е седанот G80, чија продажба на повеќето пазари во светот ќе стартува кон крајот на оваа и почетокот на следната година.
Погонот на моделот е доверен на 3,8-литарски бензински мотор што развива 311 КС. Ќе има и помоќна модификација со 5,0-литарски V8 и 420 КС Истите два агрегати се вградуваат на постариот и соодветно луксузен G90. Погонот на V6 верзијата е на сите четири тркала, а цврстината на шасијата на возилото е тестирана на патеката Нирбургринг, се пофалија од компанијата.
Внатрешноста на седанот претставува продолжение на трендот кој Huyndai го наметна со Genesis, додека тој беше дел од брендот. Во ентериерот новина е 8-инчен екран на допир на инфотеимент-системот. Тој вклучува и навигација, а работи со Apple CarPlay и Android Auto. Новина е и музичкиот систем Lexicon Discrete Logic со од 7 до 17 звучници. Во стандардната опрема на G80 се вклучени адаптивен-круз контрол, систем за следење на мртвите зони, систем за одржување во лентата на движење, систем за менување на светлата од долго на средно, како и систем за екстремен прекин во случај на опасност. Автомобилот може да престане да работи и да сопре самостојно при брзина до 80 километри, ако на патот одеднаш се појави пешак или возило напред кое нагло ја намалило брзината.
Цените на Genesis G80 ќе бидат познати со почетокот на продажбата. Седанот ќе го заземе местото на Hyundai Equus на повеќето пазари. По него луксузниот бренд ќе пушти уште 4 модели – мал седан, два кросовери и купе.