И официјално – Fiat со бренд за евтини модели!

Концернот Fiat планира да ја заживее автомобилската марка Autobianchi која постоеше помеѓу 1955 и 1995 година. Ова е потврдено од Торино и мошне брзо ќе го видиме првиот автомобил.

Според германското издание Bild, таа ќе произведува евтини модели, наменети првенствено за пазарите во Источна Европа, кои ќе се составуваат во фабриките на Fiat во Русија и Полска.

Првиот од нив ќе биде изграден на основа на старото Punto. Тоа ќе биде компактен седан, чија цена ќе изнесува околу 5.000 евра. Целта на овој автомобил е да се бори со конкуренцијата на Dacia, како и на Nissan, кој го подготвува за оваа цел заживувањето на брендот Datsun. На тој начин Fiat тргнува по стапките на Volkswagen, кој исто така има намера да пушти на пазарот евтина марка. Таа ќе произведува автомобили во неколку варијанти – лифтбек, комби и миниван, а нивните цени ќе стартуваат од 6.000 евра.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -