После неколку месеци чување во сенка на бебето Норт, Ким Кардашијан и Кание Вест изгледаат се покомфорно со тоа да го покажуваат одвреме навреме на јавноста.
Така, по втор пат во само два дена, 33-годишната Ким беше уловена како си игра со ќеркичката додека заедно со свршеникот уживаат на одмор во Санта Барбара, Калифорнија.
Таа без ниту грам шминка уживаше во топлите сончеви зраци и идиличната зелена градина заедно со малечката Норт. Фер е да се признае дека таа иако е уловена во потполно природно издание, Ким, изгледа навистина убаво, исто како и нејзината ќерка. А и се чини дека одлично и стои улогата на мајка.