Лекарските белешки датираат уште од 1958 година кога Мерлин Монро се пожалила на деформација на брадата.
Документите што сведочат за пластичните операции на холивудскиот секс симбол следниот месец ќе се најдат во продажба заедно со рентгенските снимки што се очекува да се продадат за 30 илјади долари. Аукцијата ќе се одржи во Беверли Хилс.
Белешките на докторот Мајкл Гурдин ги потврдија озборувањата дека Мерилин Монро, симбол на убавината и гламурот во златното време на Холивуд, заминала под нож поради естетски причини. Овие документи Гурдин му ги подарил на анонимен трговец.
„До сега никој не знаеше дека Мерилин има пластични операции. Тоа само се погодуваше. Сите мислеа дека беше природна убавица“, велат организаторите на аукцијата.
На рентгенските снимки стои датумот 7 јуни 1962 година, а Мерилин ставала импланти во брадата.
„Во тоа време, 50-тите, не се правеле пластични операции така што ова е нов и интересен податок“, тврдат организаторите.
Белешките датираат од 1958 година кога Мерилин се пожалила на деформации во брадата, а тогаш се претставила како Милер. Од 1956 до 1961 година била мажена за писателот Артур Милер. Во белешките, исто така, пишува дека имала неутропенија, хематолошко нарушување што го карактеризира намален број на неутрофили, најважен тип на бели крвни зрнца.
Три рентгенски слики од белите дробови на актерката се продадени во 2010 година за 45 илјади долари.
Мерилин почина на 36 години откако се предозира со апчиња за спиење.