И Македонија слави 150-години Џек Даниелс: Лов на буре во Скопје

Следејќи ги трагите што 22 септември ќе бидат споделени преку локалната Facebook страница на Џек Даниелс, учесниците во ловот ќе имаат шанса да го пронајдат бурето скриено во Скопје и на тој начин да освојат уникатен бар-сет и патување за двајца во Софија, што вклучува билети за рок-концерт

barrel1Најстарата регистрирана дестилерија во САД, Џек Даниелс, активно ја прославува својата 150-годишнина, а Македонија на 22 септември ќе се приклучи во овој настан што се случува на глобално ниво. Светски славното Тенеси виски ќе има лов на буре, а ова ќе биде интересна потрага што ќе ги обедини пријателите на Џек во земјата. Надоврзувајќи се на САД, Германија, Франција, Мексико, Нигерија и низа други земји кои ја комплетираат листата од вкупно 50 во 90 дена, обожавателите на Џек Даниелс во главниот град на Македонија ќе ја имаат истата прилика за учество во оваа глобална прослава.

Следејќи ги трагите, што на 22 септември ќе бидат споделени преку локалната Facebook страница на Џек Даниелс, сите заинтересирани ќе можат да се испробаат во пронаоѓање на бурето кое што ќе биде сместено на тајна локација во Скопје. За да победат, учесниците треба да ја следат страницата на Џек Даниелс на Facebook, да ги решат водилките, да ја пронајдат локацијата на бурето и да ја кажат лозинката на местото каде што ќе биде скриено. Покрај уникатен, специјално дизајниран сет опрема за бар, победникот ќе освои и патување за двајца во Софија, Бугарија, што ќе вклучува превоз, сместување во хотел и билети за рок-концерт.

Марк Мекалум, претседател на Џек Даниелс, истакнува дека компанијата се развила од локално име во Линчбург, до бренд препознатлив во над 170 земји со тоа што останала верна на својата традиција на автентичност, независност и на интегритет.

Одбележувањето на 150-годишнината е извонредно важен настан за дестилеријата и е совршена прилика сите да ги поканиме да ни се придружат во прославата на Џек Даниелс со нашиот прв глобален лов на буре – вели Мекалум.

barrel2

Планетарниот Barrel Hunt почна во јули, во родниот град и седиште на Џек Даниелс, Линчбург, а Македонија ќе се приклучи овој месец, кога ќе се придружат и други земји и градови. За време на глобалниот лов, 150 рачно изработени буриња за виски ќе бидат скриени на историски и културни точки во различни светски региони, а едната од нив ќе биде во Скопје. Македонската Facebook страница на Facebook ќе им помогне на фановите да ја откријат тајната локација. Трагите, односно водилките, што се поврзани со историјата на градот, ќе бидат споделени на денот на лов – 22 септември. Бурето, пак, ќе биде отворено кога првата личност ќе пристигне на локацијата и ќе ја каже точната лозинка.

Секое скриено буре е рачно изработено и се користи за созревање на Тенеси вискито Џек Даниелс, а во него ќе биде сместена и специјалната награда.

Бурето е клучно во производството на Џек Даниелс Тенеси виски бидејќи тоа е заслужно за 100 отсто од неговата боја и за помеѓу 70 и 80 проценти од вкусот. Тоа е значаен дел од нашиот процес којшто е непроменет 150 години, а таа традиција ќе продолжи со секое буре што ќе го изработиме и со секоја капка од нашето виски. Со овој Barrel Hunt се прославува историјата на дестилеријата и на фановите им овозможува да се поврзат со Џек Даниелс – вели Џеф Арнет, главниот дестилер на Џек Даниелс.

– – –

За повеќе информации за Jack Daniel’s Barrel Hunt, официјални правила и прописи, детали на локации и датуми, посетете ја интернет-страницата www.jackdanielsbarrelhunt.com или на Facebook на https://www.facebook.com/JackDanielsMacedonia.

Со цел да дознаете повеќе за Џек Даниелс и за 150-годишнината на дестилеријата посетете ја интернет-страницата www.jackdaniels.com.

– – –

За Џек Даниелс

Официјално регистрирана од Американската влада во 1866 година и сместена во Линчбург во сојузната држава Тенеси, дестилеријата Џек Даниелс е најстарата регистрирана дестилерија во САД. Таа е внесена и во Националниот регистар на историски локации. Џек Даниел е производител на светски славното Jack Daniel’s Old No. 7 Tennessee Whiskey, како и на: Gentleman Jack Rare Tennessee Whiskey, Jack Daniel’s Single Barrel Tennessee Whiskey, Jack Daniel’s Tennessee Honey, Jack Daniel’s Tennessee Fire, Jack Daniel’s Sinatra Select and Jack Daniel’s Country Cocktails.

Вашите пријатели од Џек Даниелс ве потсетуваат да консумирате одговорно.

Спонзориран текст

- Реклама -