И Лога со „предупредување“ за Законот за јазици: Дојдена е нова генерација Албанци која ќе ве однесе таму каде што сакате да ги однесете

Подсвеста го издаде Мицкоски и неговите губитнички партнери – Албанци. Целата оваа неколкумесечна иницијатива има за цел да го замагли и нормализира фактот дека ќе бидат укинати само 3-4 члена од Законот за употреба на јазиците, оставајќи впечаток дека законот ќе остане недопрен. Всушност, тие членови го претставуваат срцето на законот, кој ја гарантира употребата на албанскиот јазик.

ВМРО побара од еден од своите кадри, Костандиновски – личност која според критичарите се искачи до Уставниот суд не заради професионалност, туку заради сервилност – да поттикне укинување на клучните одредби на законот. Целта е да се избрише специфичната референца  „албански јазик”, со образложение дека сите јазици што достигнуваат 20% од населението имаат ист статус. Овој пристап го занемарува демографскиот реалитет и се смета за намерна грешка во толкувањето.

Конкретно:

1. Употреба на албанскиот јазик во судовите: Се тврди дека Венецијанската комисија препорачала ограничување, но всушност овој орган укажа само на финансиските и техничките импликации, без да го оспори користењето на јазикот. Ова еднострано толкување за финансиските аспекти претставува пречекорување на надлежностите на Венецијанската комисија.

2. Банкнотите и монетите со симболи на заедниците од 20%: Елиминацијата на овој член би претставувала очигледно негирање на културната разновидност и еднаквото претставување во државните симболи.

Прочитајте и:  ДУИ до Уставен: Не ја предизвикувајте демократијата, Рамковниот е темелот што ја држи обединета оваа мултиетничка и демократска држава

3. Употребата на албанскиот јазик во сите органи на државната власт, државните институции, јавните претпријатија, установите и организациите… Овој член е критикуван како „непрецизен“ и без правна логика, критика што повеќе ја одразува недостигот на политичка волја отколку некаков реален проблем со формулацијата.

Овие случувања отвораат големи грижи за иднината на правата на Албанците во Северна Македонија. Властите, а особено Уставниот суд, треба да разберат дека Уставот не е само правен акт, туку и политички, економски и општествен акт што го рефлектира мултиетничкиот карактер на државата. Секоја одлука што го игнорира овој реалитет може да има сериозни последици врз единството и стабилноста на државата.

Заклучок

Со години, парадигмата на делување на македонската политичка елита кон Албанците била: „Не можеме целосно да ги спречиме да ги добијат своите права, но можеме да ги одложиме. Она што може да се постигне за 1 година, да им го направиме исцрпувачко за 10 или 20 години – или да се предадат, или повторно да им го рециклираме истото.“

Почитувани, дојдена една нова генерација Албанци која ќе ве однесе таму каде што сакате да ги однесете.

Кренар Лога, поранешен министер за правда и потпретседател на АА

- Реклама -