Инстаграм во моментов прикажува реклами кои корисниците може да ги прескокнат и тие се појавуваат на главниот „тајмлајн“ или помеѓу „сторињата“ и „риловите“. Но, социјалната мрежа сега тестира и реклами кои корисниците нема да имаат можност да ги прескокнат.
Новите реклами доаѓаат во тн. „пауза за реклами“, која не остава простор корисниците да ја прескокнат. Наместо можност за прескокнување се појавува одборјувач, кој треба да стигне до 0, пред да може да продолжите со користење на социјалната мрежа.
„Понекогаш ќе треба да изгледате реклама пред да продолжите да пребарувате“ се вели во известување на социјалнта мрежа доколку кликнете на копчето за повеќе информации.
Од Инстаграм ја потврдија оваа новина за Би-Би-Си, истакнувајќи дека се тестираат нови методи кои ќе носат зголемена вреднсот за огласувачите и најавија дека ќе известат за измените пред тие да станат задолжителни за сите корисници.
Останува да се види дали ваквото тестирање ќе ги задоволи огласувачите, но речиси сигурно е дека корисниците се критични кон ваквите промени. Еден корисник на „Тредс“ смета дека ваквиот потег е „луд“, додавајќи дека ова е агресивен потег за зголемување на заработката на Мета. Други одат и подалеку повикувајќи на бојкот на платформата.
Мета не е првата компанија која ги „тера“ луѓето да гледаат реклами. Во моментов на ЈуТјуб корисниците добиваат од 15 до 30 секунди реклами кои не може да се прескокнат пред, за време или на крајот од видеото што корисниците го гледаат.
Ваквите политики на социјалните мрежи поттикнаа многу корисници да користат блокатори за реклами, додека Гугл води активна војна против таквите алатки.
Извор: BBC