Има една стара, закоравена новинарска максима, дури и закон – “Крв, леб и циркус”. Ако падне крв, тоа е прва вест, како што велат колегите во англосаксонскиот свет. Или If it bleeds, it leads.
Во хиерархијата кај изгледот на вестите насилството секогаш е лидер.
Ова важи и на интернет – не го забележуваме, на пример, дизајнот на онлајн изданието, но ако оставиме погледот да се рее слободно низ содржината, изгледа дека тој ќе се запре токму таму каде што е убиството.
Неодамна медиумската платформа Longform објави годишник со најдобри приказни за 2015 година. Во топ 10 на најбараните и најчитани содржини, 7 од нив се однесуваат на убиства, вклучувајќи за маж кој извршил подметнување пожар и силување, но успеал да се скрие од прогон од полицијата во текот на 6 недели.
Екипата на изданието раскажува дека откако таа постои на пазарот, секогаш приказните поврзани со секс и насилство им се најинтересни на читателите. Во случајот станува збор за навистина детални и долги текстови, од редот на 2000 зборови.
Мрежата е постојан извор на крвопролевање, кое сепак не ги згрозува луѓето, туку обратно, ги привлекува.
“Убиствата се голема забава откако се воделе гладијаторски борби и раните приврзаници на христијанството биле фрлани на лавовите во Колосеумот во Стариот Рим пред очите на илјадници гледачи”, коментира Петар Морeл, автор на книгата “Убиство и општество”.
“Жедта за крв изгледа е бесмртнa. 2000 години подоцна насилното одземање на човечки живот се уште се консумира со задоволство”, додава тој. Погледнeте го рејтингот на Game of Thrones и сè ќе ви стане јасно“.
Јасно е што ги придвижува новинарите, при пренесувањето на крвави приказни (посети, посети и само посети). Но што точно ги тера луѓето да ги зачитаат најмрачните крајности на човековото однесување со таква љубопитност?
Возбудата на стравот, исто како когате гледа хорор филм, дека е само тоа? Може ли историјата на едно вистинско убиство – на човек кој некогаш бил жив, а сега не крај неговите блиски кои чувствуваат болка и тага … да биде забавна?
Да, во овие тврдења има новинарска вредност, во објавувањето на фактите – што се случило и зошто?
Но, ако зборуваме за допадливост на таквите приказни, тогаш не е ли интернетот една средина во која трагедијата служи за пријатно скокоткање на темната страна на гледачот?
Ако убиството се случило одамна, да речеме пред години и дури сега излегува на виделина, или се случило некаде многу далеку од нас, на тоа читателите почнуваат да гледаат како на фикција, а не како на реален настан.
Всушност, вистината е дека луѓето извлекуваат разни задоволства од страшните приказни – дали се измислени или вистински.
Студија за публиката на хорор филмови во 1995 година покажа дека возрасните со едвај не професионални познавања на темата “масакр на екранот”, доживуваат помалку емпатија и имаат повисока склоност кон авантури.
Тие се поврзуваат со убиецот, а не со жртвата.
Додека љубителите на трилери, односно луѓето кои седат пред телевизорот за да бидат исплашени од нешто, исто така се авантуристички предодредени, но и повеќе склони кон емпатија.
Тие не се дружат ниту со убиецот, ниту со жртвата, туку уживаат да ја разоткриваат мистеријата што ја добиваат од филмовите.
Едно убиство, несреќа или самоубиство со нејасна мотивација која дава елемент на мистериозност, особено ако се вмешани неразјаснети детали, на пример тајни кодови или записи од безбедносни камери.
Луѓето може да читаат, само за да го дознаат она што се случило. Но, она што предизвикува интереси од психолошка гледна точка, најверојатно е прашањето – Како може некој да го направи тоа? Кои се неговите мотиви? Има ли некаков фундаментален проблем или грешка? Можеше ли да биде запрен?
Ако им го дадете на луѓето само скелетот на приказната, само основните факти, тогаш тие ќе сакаат уште.
Ќе бидат гладни за детали …
Да, ова е болната љубопитност, но истовремено е и желба да се разбере неверојатното, да се активира сопствениот алармен систем за безбедност во мозокот. Очигледно ние луѓето така сме создадени.
Големото прашање тогаш е: колку сериозно можеме да се наслониме на медиумите, кои се потпираат само на елементарните човечки инстинкти?
Гледано од друга перспектива, можеме да си го поставиме прашањето вака: погребалните друштва секогаш заработуваат многу пари, но никој не сака тие да му го водат животот, нели?
Со што се разликуваат медиумите од погребалните друштва, ако се посветени исклучиво на црна хроника, а не на животот и афирмацијата? Нема разлика и треба да бидеме свесни за тоа, кога читаме со штетна љубопитност слични статии. Од друга страна е јасно: секогаш ќе ги читаме.