И Американците живеат со мама и тато

adult-children-living-at-home[1]

Новите податоци на американскиот Pew Research центар покажуваат дека по прв пат во 134 години, најголем дел од младите Американци на возраст од 18-34 години живеат со нивните родители, наместо со партнер/ка, сопруг/а или сами.

Денес 32.1 проценти од миленијалците живеат со своите родители, малку повеќе од 31.6-те отсто од младите кои живеат со сопружник или партнер.

Кај младите мажи, 35% живеат дома со нивните, додека 28% живеат со својата партнерка. Кај женските, трендот е обратен: 35% живеат со нивните партнери, додека 29% живеат дома со родителите. 14% од испитаниците живеат сами, што е пораст од 3% од 1880 година.

Од Pew велат новите трендови се должат на фактот што сé помалку млади Американци сакаат да се „спастрат“ со љубовниот партнер пред да наполнат 35 години. Истражувачите истакнуваат дека во 1880-та, на пример, наизразена била бројката на тазе венчани парови кои живееле заедно. Тој тренд во САД го достигна врвот во 1962-та, кога 62% од луѓето на возраст од 18-34 години живееја со своите партнери.

Прочитајте и:  Зимата и затворениот прoстор значат поголема опасност од мувла

Сепак, некои трендови продолжуваат да важат. На пример, помалку едуцираните млади лица имаат поголема тенденција да живеат со родителите, отколку едуцираните врсници. А и очекувано, истакнуваaт од Pew, особено што платите (барем кај мажите) се со надолна траекторија уште од 1970-та година.

Кај жените приказната е малку поинаква. Во минатото, тие беа охрабрувани да се мажат и да не работат. Но сега сé повеќе жени имаат работа и живеат независно – 35%, во споредба со 29% кои живеат со родителите. Од Pew шпекулираат дека причината што жените не се мажат и не се вселуваат со своите партнери е бидејќи страдаат платите на мажите.

- Реклама -