Hyundai подготвува модел за околу 3.500 евра

Renault Kwid, дизајниран за пазарите на земјите во развој, како и новината на Fiat, моделот Mobi, ќе имаат корејски конкурент. Во 2018 година Hyundai ќе пушти во продажба модел со цена од 4.000 долари (околу 3.500 евра).

eonИнформациите за новиот автомобил засега се мининмални и во моментов се знае само дека кодната ознака на проектот е AH. Според дел од гласините станува збор за мал кросовер без којзнае каква проодност, но со надворешност во тој стил.

popup_636_Hyundai-1000-2[1]

Моделот најверојатно ќе биде изграден на основа на хечбекот Eon, кој продава на индискиот пазар. Автомобилчето е управуван од 0.8-литарски мотор со моќност од 56 КЅ и 1.0-литарски мотор со 69 „коњи“, кои се во спрега само со 5-брзински мануелен менувач.

Автоплус

- Реклама -