Mузичкиот MP3 блог агрегатор HypeMachine направи интересен преглед на 50 -те најдобри албуми, артисти и песни во 2008. Изборот е направен не според уредниците на магазините или од маркетинг агенциитe, туку од најпасионираните музички фанови – музичките блогери. Она што е поинакво и подобро за оваа музичка ретроспектива е што музиката во листите може да се слушне (или да се даунлоадира) на лице место при разгледувањето на листата која е комплетирана и со ковери и рецензии.
Mузичкиот MP3 блог агрегатор HypeMachine направи интересен преглед на
50-те најдобри албуми, артисти и песни во 2008. Изборот е направен не
според уредниците на магазините или од маркетинг агенциитe туку од
најпасионираните музички фанови – музичките блогери. Она што е поинакво
и подобро за оваа музичка ретроспектива е што музиката во листите може
да се слушне (или да се даунлоадира) на лице место при разгледувањето
на листата која е комплетирана и со ковери и рецензии.
Во соработка со Blog Fresh Radio, HypeMachine направи аудио презентација на секој сет со по 10 албуми од топ листата во вид на радио емисии во кои можат да се слушнат песните и интервјуата со влијателни музички блогери. Овие радио емисии можете да ги слушнете ( почнувајќи од тука ) или да ги даунлоадирате (секоја е околу 100mb во MP3 формат). [Music Blog Zeitgeist of 2008 / The Hype Machine]