Актерката Мирјем Узрели , која се прослави со улогата на Хурем во серијата „Сулејман Величенствениот“, ја продолжува кариерата како судијка во турската верзија на шоуто X-Фактор.
Продуцентите на емисијата се уверени дека актерката ќе помогне во подигнувањето на гледаноста на емисијата, па така, Мирјем ќе заработува по 30.000 евра по епизода.
„Снимањето требаше да започне во декември, но го поместија за март следната година, бидејќи Мирјем треба да се породи во јануари“, изјавил извор близок на продукцијата.
Актерката на овој начин после цела година ќе се врати на ТВ екраните и ќе ја продолжи кариерата во Истанбул, отакако се лекуваше во Германија од депресија.