Хумористичните анимирани откаченици на Џоан Корнела

hugs

Џоан Корнелa нема многу фанови, ама тие што ги има се од оние – хардкор. Тоа е затоа што Корнела е многу мрднат шпански илустратор со дистинктивен стил кој или го сакаш, или го мразиш. Корнела фрла светло на некои од најужасните мутации и одвратности во човекот и општеството, ама сé тоа преку многу ведар црн хумор. Кога се појави, блогот Dangerous Minds ја опиша неговата работа како поле на сакатење и унакажување, садистичко и отворено насилство, алиенација на модерното и тотална негрижа за човечкиот жиот. Не звучи смешно, ама ете, може да биде.

Лани, Корнела почна Kickstarter кампања за да собере пари за креација на 30 анимирани кратки филмови, некои базирани на неговите цртани и мини-стрипови (собра повеќе од 91.500 евра!). Пред неколку недели, дел од нив почнаа да се појавуваат на Youtube. Секој е мало ремек дело, што доаѓа, ти брца шприц и ти се смее додека бега. Сите траат од 14 до 28 секунди, па не бидете циции и дајте му шанса.

- Реклама -