Хју Лори – заштитно лице на L’Oreal (видео)

Хју Лори - заштитно лице на L'Oreal (видео)Брендот L’Oreal направи генијален маркетинг потег со тоа што го направи Хју Лори свое ново заштитно лице. Пред официјалниот старт на кампањата беше исфрлено онлајн видео од снимањето на рекламите, за актерот најпознат по улогата на доктор Хаус да биде претставен пред потрошувачите.

{youtube}vzBBHEPFl9k&lc{/youtube}
На почетокот од видеото, Хју се пошегува: „Се викам Џералд Батлер и изгледам вака пред да ги нанесам козметичките производи од L’Oreal“. Несомнено, популарноста на британскиот комичар и актер е нешто што ќе биде максимално искористено во кампањата, иако тој до сега нема поголемо искуство на ова поле.

- Реклама -