Додека чекаме HTC да скокнат во светот на SmartWatch уредите, компанијата се чини работи на различен вид уред, со што да го засили интересот за својата серија на телефони.
Според пишувањата на медиумите компанијата ќе има нешто многу заедничко со GoPro . Имено, новинар на Bloomberg дознава дека HTC планира 16-мегапикселна камера со објектив со широк агол, која ќе се поврзува директно на вашиот smartphone преку Bluetooth. Иако ова звучи токму како QX серијата од паметни леќи на Sony , изворот претпоставува дека ќе биде повеќе конкурентно на GoPro. Тоа значи дека компанијата ќе стави акцент на видео снимањето.
На крајот на краиштата тоа може да се покаже како нов поход за HTC и претворање на примарна цел во исклучителни фото апарати. Преку воведувањето на посебна, многу подобра камера, HTC може да се најдат на еден нов пазар и во исто време да ги подобрат значително резултатите од продажбата. Тука доаѓа моментот кога треба да се запрашаме за цената, која што секогаш е многу важна. Ако ова биде вистина, една камера која има можности да се покаже дури и блиску до GoPro, дефинитивно нема да биде евтина.
HTC организира голем настан под наслов “Double Exposure” на 8 октомври. Дали е ова почетокот на фантастични фотоапарати од HTC? Останува наскоро да дознаеме.