Хрватска се откажа од Евровизија!

Хрватската радио телевизија објави дека на следниот Евросонг во Копенхаген, Хрватска нема да има свој претставник.

„Во интерес на националната телевизиј, како организатор на натпреварот за избор на хрватски претставник на Евровизија, е да избере песна и изведувач што ќе заземе висок пласман. Така, до одлуката за евентуално враќање на Евровизија својот креативен потенцијал ќе го насочи во тој правец“, стои во соопштението на ХРТ.

По низата неуспешни пласмани на овој избор, ХРТ одлучи во Копенхаген следната година да не учествува претставник од оваа земја.

- Реклама -