Хрватите ја изненадија Италија, Шпанија доминираше (видеа)

Натпреварите од второто коло на ЕП донесоа горе-долу очекуван исход: Шпанија ја декласираше извонредно слабата Ирска, додека Хрватска им украде бод на дефанзивно ориентираните Италијанци.

Фудбалерите на Република Ирска си заминуваат дома по првата фаза, а Шпанија очекувано им одржа фудбалска лекција победувајќи со убедливи 4:0. Актуелниот европски и светски првак влезе во свој елемент, а Фернандо Торес ја искористи шансата што му ја даде Висенте Дел Боске и постигна два гола. Тој го отвори резултатот уште во четвртата минута и беше јасно дека „Црвената фурија“ ќе слави на овој меч. Прашање беше само со колку голови разлика?

{youtube}ok3wIX0ctIs{/youtube}

Марио Манџукиќ повторно беше херој на Хрватите на Европското првенство, откако ѝ донесе бод на својата репрезентација на дуелот со Италија (1:1). Тој со својот трет погодок на шампионатот, со кој се изедначи со Гомез и со Џагоев на врвот на листата на стрелците, донесе израмнување во 72.минута од средбата, откако беше подзаборавен од италијанската одбрана во петерецот на Џанлуиџи Буфон. Претходно, во првиот дел Андреа Пирло од слободен удар ја доведе Италија во водство.

Прочитајте и:  Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона (ФОТО/ВИДЕО)

{youtube}Hzz03GVuP20{/youtube}

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -