Од денеска, во Хрватска може да се користи индиска марихуана за медицински цели бидејќи стапува на сила правилникот на Министерството за здравство кое допушта нејзино користење на заболените од склероза, карцином, епилепсија и ХИВ.
Со тоа е создадена правна рамка за увоз на лекови на база на канабис во Хрватска. Со правилникот е пропишано лековите кои содржат тетрахидроканабинол, донабинол и набилон да можат да се издаваат само со лекарски рецепт.
Лековите ќе ги пропишува избран доктор по медицина во делот на општа медицина, здравствена заштита на деца од предучилишна возраст и здравствена заштита на жени, по препораки на специјалист по неврологија, инфектологија, интернистичка онкологија, онкологија и радиотерапија и специјалист педијатар со субспецијализација од невропедијатрија.
Лековите кои содржат ТХЦ ќе можат да се препишуваат на рецепт во количина потребна за лечење до најмногу 30 дена, а вкупната количина на ТХЦ-то не смее да биде поголема од 0,75 грама. Правилникот, покрај лековите предвидува и додатоци како масти и чаеви.