За разлика од групната фаза на Светското првенство, видовме во ова осминафинале многу подобар и поефикасен фудбал што го покажува и самата статистика (28 гола, просек 3,5 по меч). Очигледно е дека репрезентациите уфрлија во поголема брзина и се виде разликата во квалитет, освен во случајот со Шпанија, каде што Мароко заслужено победи.
Сите што се тука во четвртфиналето го заслужија пласманот, а од тие што беа планирани како Шпанија и Германија, не заслужија според игрите да се најдат, зашто противниците беа подобри.