Хрватите епски го истролаа Вучиќ и му открија кога Србија била најблиску до медал!

Српскиот претседател Александар Вучиќ во петокот изјави дека секогаш навива против Хрватска, а во малото финале за бронзата објави дека ќе навива за Мароко, зашто тие му биле браќа бидејќи не го признавале Косово.

И откако Хрватска во саботата дојде до бронза, трет медал во шестото учество на Светските првенства, а втор по ред после среброто во Русија пред четири ипол години, од соседот стигна епски сеир за српскиот претседател и неговиот став дека 11 или 12 отсто од Србите само навивале за „коцкестите“, меѓу нив и најголемата ѕвезда Новак Ѓоковиќ.

Сега Хрватите на Вучиќ му открија кога Србија била најблизу до мундијалски медал – вчера во 17 часот.

Во тоа време над Белград и Дедиње поминал авионот со кој бронзените се вратија од Доха со медалите околу врат.

- Реклама -