Хризантеми – најубав есенски украс за градината

Ако и вие овие денови планирате да ја освежите градината со ново цвеќе, имајте на ум дека  хризантемите кои се садат во градината мораат да бидат отпорни на студ.
Им одговараат светли или полуосветлени места (заштитени од ветар).

Есента веќе ја закачи „својата жолта значка“, но љубителите на цвеќињата немаат причина за меланхолија – раскошно убавите хризантеми допрва почнуваат да цутат.

Тие можат да достигнат висина од 40 до 100 см.

Ги има од еднобојни, до оние кои што потсетуваат на пајажина, или шарени. Цветовите се со големина од 5 до 20 см, бели, жолти, розевкасти, црвени, виолетови, а можат да бидат и двобојни.

Садете ги на растојание од околу 40 см. Во текот на цветањето треба да им обезбедите доста вода. Се препорачува и прихрана со течно ѓубриво на секои 7 до 14 дена.

pink-flamingo-mum_620x0 Mums-in-a-row_620x0 fall-mums_620x0 chrysanthemum-veludo-Flower_620x0 chrysanthemum_flowers_park__620x0 Biltmore-Scenery.24_620x0 8819051331614_620x0

 

- Реклама -