Храна што ќе ве заштити од грип

Доаѓа сезоната на грипот и луѓето сѐ повеќе стравуваат дека можат да се разболат. Движењето, излегувањето на прошетки и активниот живот се важен дел од борбата против грипот, но покрај тоа ние ви претставуваме неколку намирници кои ако ги конзумирате редовно ќе ви помогнат да го прескокнете грипот оваа сезона.

Лук

Нема што многу да се каже за лукот, дефинитивно број еден избор против грипот. Лукот е природен антибиотик и штити од многу заболувања. Се препорачува да го конзумирате свеж.

Боровинки

Боровинката е број еден извор на антиоксиданси и е дефинитивно над сите други овошја. Редовната консумација на боровинки со сигурност ви дава силна заштита против грипот. Доколку неможете да ја најдете свежа, конзумирајте ја замрзната.

Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка

Сончоглед

Можеби не го очекувавте сончогледот овде, но да, тој е одличен извор на витамин Е и ги штити клетките од оштетување. Неопходен е за организамот па неговото редовно конзумирање штити од грип.

Печурки

Печурките го потикнуваат имунитетот, богати се со многу важни состојки и имаат антивоспалителен ефект, со неколку збора имаат се што ни треба за борба против грипот.

Феферони

Го олеснуваат дишењето, богати се со витамин Ц и имаат антибактериска моќ. Ова е сосема доволно за фефероните да ги ставиме во групата на намирници за борба против грипот.

- Реклама -