Ако се чувствувате несреќни, тогаш би требало да знаете дека само неколку залаци можат да го променат вашето расположение. Еве неколку типови на храна кои ќе ве овозможат да се смеете.
Јадете храна богата со фолна киселина: брокула, спанаќ, аспарагус, мешункасти плодови, сончоглед, портокал, цвекло и интегрални житарици.
Зошто? Фолната киселина е растворен витамин кој е неопходен за делба на клетките, синтеза на ДНК и здраво производство на крвни клетки. Истражување спроведено на Универзитетот од Јорк открило врска помеѓу депресијата и ниските нивоа на фолна киселина. Препорачаната дневна количина е 400 микрограма за мажи и жени и 600 микрограма за бремени жени. За да продолжите да се смеете зголемете ја конзумацијата на храна која содржи високи количини фолна киселина. Една чинија зготвена леќа содржи 90 проценти од препорачаната дневна количина. Плус, поради растителните влакна и протеини ќе останете сити подолго и ќе го стабилизирате нивото на шеќер во крвта. Дополнителен бонус: Фолната киселина може да го намали и нивото на хомоцистин, амино киселина која е поврзана со срцеви проблеми.
Јадете храна која содржи B6: банани, пилешки гради, лук, сончоглед, брокула, црвени пиперки, љубеница, авокадо и компири.
Зошто? Витаминот B6 има важна улога во метаболизмот на црвените крвни зрнца и протеините и во синтезата на неуротрансмитерите серотонин и допамин. Тој помага и во одржувањето на здрави нивоа на шеќер во крвта, и го зголемува количевството на кислород кој стигнува до ткивата. Ниско ниво на овој витамин води кон зголемување на нивото на хомоцистин, анемија, главоболки и депресија. Препорачаната дневна количина за возрасни луѓе од 19 до 50 години е 1,3 милиграми дневно и околу 1,6 за луѓе над 50 години. Следниот пат кога ќе се чувствате тажно, изедете една банана.
Јадете храна богата со омега-3: риба како лосос, сардини, скуша и харинга, лен, ореви и алги.
Зошто? DHA омега-3 есенцијална масна киселина ги одржува здравите мозочни функции и е витална за развојот на мозокот и очите кај фетусот. Истражувањата кои се извршуваат во моментов покажуваат поврзаност помеѓу конзумирањето на омега-3 масни киселини и депресија. Една студија покажала дека депресијата се намалила кај пациенти кои патат од униполарно и биполарно растројство по третман од 3 капсули дневно во тек на осум недели. Јадете ги горенабројаните риби, 85 грама лосос содржат помеѓу 1,1 и 1,9 грама омега-3 масни киселини. Капсули со рибино масло се добра замена ако не јадете риба редовно. Вегетеријанска алтернатива се лен, ореви и алги.
Јадете „добри“ јаглехидрати: интегрални житарици, овошје, зеленчук.
Зошто? Интегралните житарици, овошјето и зеленчукот ни даваат енергија, растителни влакна и голем број на хранливи материи кои му се потребни на телото за оптимално работење. Квалитетните јаглехидрати исто така можат да ја поттикнат и синтезата на серотонин – „среќниот хормон“. Серотонинот е важен неуротрансмитер кој влијае врз расположението и спиењето. Следниот пат кога ќе се чувствувате тажни, наместо чипс или колачиња изберете непроцесирани, нерафинирани јаглехидрати кои ќе ви дадат енергија и ќе го подобрат вашето расположени. [Foods that promote happiness]