Храна што не смее да се подгрева

Подгревањето на храната која ни останала „за подоцна“ е честа навика. Но, постојат бројни случаи во кои таквата пракса не е препорачлива. Ова се некои од тие намирници:

 

Спанаќ, цвекло, целер и репка

Овие зеленчуци во составот имаат нитрати, кои под дејство на микроорганизмите придружено со загревање, преоѓаат во нитрити, па во нитрозамини – кои се канцерогени и многу штетни по здравјето. Спанаќот е најризичен и секогаш треба да настојувате да го јадете свеж.

Печурки

Лесно се менуваат и стануваат штетни. Ако веќе морате, благо загрејте ги до максимум 70 степени.

Компир

Компирот е најздрав кога е варен, но оладен. Кога се лади, доаѓа до зголемување на количината на отпорен скроб, кој има пробиотско дејство.

Месо

Кога протеините долго се загреваат на висока температура, се менува нивната структура и така променета станува непозната за нашиот организам, а со тоа и несварлива и токсична.

Прочитајте и:  Благотворноста на свежото сирење

Високоризични намирници

За високоризични намирници се сметаат: месото од пердувести животни, варени и димени риби (лосос, скуша, бакалар), сирови или благо термички обработени школки, млечни производи и јадења направени со млеко, сирење и јајца. Кај јадењата со овие намирници, подгревањето не е опција.

Исклучоци:

Од друга страна, намирници кои трпат подгревање се целозрнестите житарици: ориз, просо, амарант, јачмен и зоб.

Подгревањето на супата се толерира доколку од неа го извадите месото и зеленчукот, па ја загреете само течноста. Ако готвите големи порции со храна, пред конзумирањето фино е да ја распределите во помали порции, за да избегнете повеќекратно подгревање.

- Реклама -