Храна што ја намалува желбата за цигари

Земањето на додатокот на рибино масло во облик на омега 3-масни киселини е сојузник во престанокот на пушење, тврдат експерти од израелскиот универзитет Хаиф.

Тие во студијата на пушачите им ги давале токму тие додатоци и забележале дека во просек пушат 0 одсто цигари помалку, додека оние кои престанале да пушат чуствувале помала желба за цигари.

Крајниот ефект на омега-3 го споредиле со групата на која и давале плацебо, во која испитаниците не го намалиле бројот на испушени цигари на ден.

Недостатокот на омега-3 масни киселини инаку е чест кај пушачите, а тој ги оштетува и нервните келии и врската помеѓу нервите во делот на мозокот задолжен за контрола на желбата, што објаснува зошто тие додатоци можат да ја намалат потребата за цигари.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

„Докажавме дека омега-3 е добар сојузник во престанувањето на пушење цигари, кои за разлика од бројни други лекови нема пропратен ефект“, рекла водачот на студијата Д-р Шерон Рабиновиќ Шенкар.

Додава како се препорачува дека треба да се јаде и храна која содржи омега-3 масни киселини како лосос, скуша, сардина, јаткасти плодови, семки од сончоглед и маслиново масло.

- Реклама -