Храна што го „буди“ сексуалниот апетит

Мозокот е најважниот орган во нашето тело кој управува со сите физички и ментални функции. Одредени намирници се скапоцен извор на „храна за мозокот“ кои не само што ќе го подобрат вашето здравје, туку ќе ја зголемат и вашата желба за секс.

Прочитајте кои намирници позитивно влијаат на вашата сексуалност.

Јаболко

Ова овошје содржи високо ниво на фенилетиламин кој предизвикува природно чувство на задоволство и возбуда, заедно со црното чоколадо и сирењето кои, исто така, содржат високо ниво од оваа супстанца.

Авокадо

Buah-Avokado

Авокадото е богато со витамин Б6 кој го зголемува нивото на тестостерони, што повторно доведува до зголемување на либидото.

Јаткасти плодови

Овие плодови содржат есенцијални масни киселини, а за бадемите особено важи дека будат страт кај жените, а оревите се стар рецепт за машката потенција.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

mixed_nuts

Риба

Рибиното масло е богато со омега 3 масни киселини кои го подобруваат протокот на крв во организмот и на тој начин влијаат на подобра циркулација во ерогените зони. Ова особено важи за лососот, скушата и пастрмката.

- Реклама -