Храбри жени од непознат свет

Ќе ве запознаеме со неверојатната приказна на жените од племето Самбуру, населени на територијата на Северна Кенија – таму каде подножјето на планината се спојува со пустината.

женису

Векови наназад, луѓето од племето Самбуру скитаат низ овие земјишта во потрага по вода и пасишта за животните кои се нивниот единствен извор на храна.

Општо земено, племето Самбуру е целосно номадско – пијат млеко и крв и користат животинско ѓубриво како градежен материјал. Традиционалниот дом на домородните жители се состои од една соба, во поголемиот дел е “спалната соба” за мажот и децата, а на средината има импровизирано катче за подготовка на храна, со тоа што во еден тесен и мал простор спие жената која нема право на глас во семејството.

0818921001454313598_0

Со векови жените од ова племе биле третирани како нешто помеѓу робинки и домашни помошнички. Традициите на Самбуру заповедаат обврските на мажите да се сведуваат на водење на деца и војна, а за сè што е останато се грижат дамите. Тие дури се обрежуваат за да не чувствуваат задоволство од сексот – сепак, нивната функција во племето била исклучиво да раѓаат и чистат. Често морале да одат десетици километри пешки, за да донесат дрва, вода или едноставно за да го одведат добитокот на пасење.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Пред 15 години, сепак ситуацијата радикално се променила. Откако со години биле силувани и тепани, неколку жени од Самбуру ја напуштиле заедницата и се населиле во населбата Умоџа. Самото по себе селото е револуционерно, бидејќи е составено целосно од жени, а мажите не се добредојдени. Голем дел од незадоволните напуштени сопружници се потсмевале дека жените ќе пропаднат и ќе бидат “изедени од лавовите”, но се покажало дека грешат. Денес селото има продавница, училиште, фонд за медицински потреби, камп и одлични стада на говеда и кози. Покрај тоа, жителките на Умоџа им наплаќаат на мажите од соседното село, за вршење на “црната” работа која според законите на Самбуру е типично женска обврска.

0941703001454313605_0

Идејата на Умоџа е да им даде на жените слобода да ги контролираат сопствените животи. Ова сепак не може да се случи ако претставниците на посилниот пол живеат таму, бидејќи без да забележат овие измачени жени можат да се вратат на старите манири на машката доминација. Иако се работи за битка меѓу половите, жените од Умоџа уште се отворени за врски со мажи. Тие се среќаваат со својот избраник надвор од територијата на селото, а ако забременат го раѓаат и одгледуваат своето дете во Умоџа.

- Реклама -