Комбинации за храбри девојки: Восочни фармерки и пеплум-тренд

Овие четири изгледи вклучуваат сложени силуети, предизвикувачки комбинации и дизајнерски елементи кои ќе ги срушат вашите модни граници. Биде храбри и експериментирајте. Овие трендови изгледаат одлично на пистите, а сигурно ќе изгледаат уште подобро на вас.

Фустан над панталони

Dresses-over-Pants

Учете од грешките. Капри-фармерките во комбинација со памучен фустан што толку ги сакавте во средно, веќе не се за вас. Трикот е во тоа да најдете класични панталони со принт или текстура и фустан што има права, јасна силуета.

Комбинации со пеплум-парчиња

collage peplums

Откако се навикнавте на здолништата со А-крој, време е да ги нагласите бутовите со облека и да го засакате пеплум-трендот. Станува збор за модели со висок струк што имаат додатоци околу бутовите и на тој начин ги истакнуваат женските облини. Експериментирајте со материјалите и затоа изберете здолниште од неопрен (синтетички каучук).

Восочни панталони

Screen-Shot-2012-10-12-at-5.26.15-PM

Овие панталони беа апсолутен хит минатата сезона, а тајната е да ги комбинирате со едноставни парчиња облека, како сив џемпер или бела маичка.

Широки ракави

big-shoulders-sleeves-trend

Широките ракави на палтата беа омилен дел од облеката на жените во осумдесетите години на минатиот век, а сега тие повторно се враќаат на модните писти. Во неутрални сива, црна и крем боја, со едноставни копчиња и џебови, во овие палта со екстремно широки ракави ќе изгледате навистина шик.

- Реклама -