Луксузниот хотел „Prora“ бил изграден од нацистите меѓу 1936. и 1939. година по наредба на Адолф Хитлер во рамки на програмата чија што цел било ширење на пропаганда на нивната идеологија по пат на разни акции, организирани специјално за германските работници.
На изградениот комплекс работеле дури 9.000 луѓе, бидејќи бил замислен како место на кое што секој може да ги задоволи своите потреби и желби.
Проектот „Сила без радост“ планирал отворање на кино сали, базедни, разни дворци и пристаништа за бродови. Планот бил да се направат дури 20.000 соби со купатило на секој спрат.
Тогашниот лидер на Германија се подготвувал за брутален настап во Втората светска војна, така што оваа градба не била никогаш завршена бидејќи паднала во сенка на хитлеровите желби за освојување на светот.
Напуштените простории и ѕидови послужиле како нов воен комплекс на источна Германија, а дури подоцна била користени за целите на Воено – технолошкиот Универзитет.
Често и бегалците таму барале прибежиште во текот на деведесетите години, меѓу кои имало и жители на СФРЈ.
Денес од овој гигант останал само музеј, дискотека и неколку блокови хостели, но постои идеја на ова место да се изгради модерно одморалиште.
Погледнете го видеото: