Ланецот на популарни хотели „Хилтон“, уште еднаш докажаа дека можат пријатно да ги изненадат своите гости и обожаватели.
Пред неколку дена претставници на компанијата, објавија дека традиционалните клучеви за хотелските соби, ќе бидат заменети со паметни телефони.
Услугата официјално ќе започне да се нуди од 2015 година, а подготвувањето за неа, ќе започне во наредните неколку месеци. Основната идеја на сопственциите е да се инсталира технологија во вратите на собите, која ќе комуницира со паметниот телефон на секој гост. За жал сеуште не е јасно каква ќе биде таа технологија.
Се очекува овој новитет за прв пат да биде тестиран во САД, а до крајот на 2016 година „Хилтон“, ќе се потрудат таа да биде распространета и во другите хотели ширум светот.
Текстот е објавен во соработка со socialnet.mk.