Доколку се сметате себеси за личност која ужива во благодетите на природата и одвреме навреме ви е потребен мир од целокупниот градски метеж, овој необичен хотел кој се наоѓа во близината на Стокхолм, Шведска, со сигурност ќе ви се допадне.
Станува збор за таканаречената еко-ложа Коларбин, во која гостите имаат одлична можност да се соединат со природата. Овие 12 минијатурни земјени колиби во кои единствено има два мали кревети со вреќи за спиење и печка на дрва, се наоѓаат сред шума, и во нив нема ниту вода ниту струја.
Иако за многумина овие услови би претставувале вистинско измачување, сепак, лицата со авантуристички дух со сигурност би гледале на ова како кул искуство и фантастична можност за да се одморат од секојдневните обврски.