Хотел без ѕидови

1_1469620747

Ако баш сакате да уживате во природа, и тоа на Алпите, можете, а и не морате, да го посетите швајцарскиот новоотворен хотел Null Stern Hotel. „Null“ затоа што овој е првиот хотел што нема ѕидови, врати или кров. Всушност нема никаков објект, има само соба.

Ете, и тоа е сега фора. Хотелот нема ѕвезди (освен милионите, ако ги броите тие на небото), ама има батлер со бели ракавици и лептир-машна, а нормално, има и тоалет и бања – на 5 минути пеш оддалеченост од собата.

Сопствениците – браќата Френк и Патрик Риклин, планираат и се надеваат да „отворат“ уште соби, а ако им тргне со оваа еднава тоа нема да биде тешка задача, со оглед на тоа што едно ноќевање во „хотелот“ е 150 евра.

Идејава е толку апсурдна што е интересна. Ама не 150 евра од вечер интересна. Башка што ако заврне, хотелот автоматски затвара и може да те натераат да го напуштиш.

0_1469620609

4_1469620638 1_1469622106 2_1469620633 2_1469620782 3_1469620636
5_1469620642 6_1469620629

- Реклама -