Хостеса имала сообраќајка на саем за автомобили

Злобните ќе речат дека хостесите на саемите за автомобили се таму само за украс и од нив нешто суштинско (како памет) не треба да се очекува. И во случајов ќе бидат во право.

Една од хостесите на белградскиот саем за автомобили се забила во автомобилот изложен на соседниот штанд. „Виновен“ е посетителот што ја убедил да седне во автомобилот и да го запали моторот.

„Автомобилот беше во прва брзина, се помести за метар-два и удри и го оштети возилото на Toyota на соседниот штанд. Никој не можеше да верува, ниту пак некој очекуваше тоа да се случи. Одеднаш само нешто пукна, а посетителите на саемот останаа затечени. Сите почнаа да се собираат околу удрениот автомобил, а на некои им беше и смешно“, вели еден од сведоците.

Хостесата работела на штандот на Ford,  а не се знае дали ќе треба да ги сноси трошоците за штетата. „Тоа зависи од сопственикот на штандот. Штетата е минимална, а автомобилот веќе е заменет со друго возило. Може не требала да го пали моторот среде хала, ама ете, се случило“, велат присутните.

 

 

- Реклама -