Хоштаплерски гулаш

Ако ништо друго, треба да се проба заради неговото име. Подготовката не е воопшто тешка и трае малку подолго, но затоа ужувањето при дегустацијата е огромна.

Состојки:
1.5 килограми јунешко исецкано на ленти
1.5 килограми кромид
700 грама мрсна сланина
0.7 литри суво вино
Сол и бибер по желба

Подготовка:
На дното од лонецот се става сланината исецкана на крупни коцки. Наизменично се реди кромидот крупно исечен и месото (ред кромид, ред месо), секој ред кромод се посолува и забиберува, и се завршува со ред кромид. На врвот од лонецот треба да се остави простор за виното.

Откако ќе се нареди, се налива со виното, а потоа се крчка на мала температура 3-4 часа. Воопшто не се меша. Доколку започне да врие, треба да се намали температурата. Кога месото на врвот ќе се зготви, гулашот е готов. Се сервира со варен компир или тестенини.

- Реклама -