Дали иамте склоност да станете коцкари? Кои од хороскопските знаци го сакаат ризикот, а кои сакаат да останат странични набљудувачи? Кои хороскопски знаци треба да се држат подалеку од казината, а кои носат среќа како предизвик на судбината?
Овен
Овнот е страсен и буден играч кој не сака да губи и не се откажува лесно. Не може да се каже дека лесно ќе стане зависник од коцкање, но дефинитивно сака да ја тестира среќата. Може да го видите како игра покер или ја тестира среќата на рулет.
Бик
Бикот е опасен играч – ако ви е противник во играта, бидете подготвени дека може да ја изгубите. Причината – има добра интуиција, воздржан е од своите емоции и не се издава. Сака да победува, но исто така се плаши да не го изгуби својот профит, па може да се каже дека е умерен во коцкањето. Соодветна игра за него е блек џек.
Близнаци
Близнаците се далеку од коцкари, еднаш влегуваат во казиното и атмосферата ги голта. Важно е сепак да играат само кога имаат расположение, инаку ја одвраќаат среќата и брзо губат пари.
Рак
Ракот не сака коцкање, претпочита да помине време дома со своите најблиски, отколку да ја тестира среќата меѓу непознати. Понекогаш се обидува, колку да почувствува возбуда. Ќе го видите најчесто како игра карти.
Лав
За Лавот да победи на кладилниците е прашање на чест и можност да демонстрира влијание. Тој игра секогаш за пари и по можност со искусни и силни играчи, во кои гледа конкуренција и предизвик да ги победи. Бриџ е играта која е најпогодна за него.
Девица
Она што може да ја убеди девицата да земе учество во коцкањето, е најголемиот џекпот. Во името на профитот, претставниците на овој знак применуваат различни тактики и стратегии. Понекогаш се случува да изгубат, но брзо си ги враќаат позициите.
Вага
Вагите не се од најпосветените типови за коцкање. Причината е дека не сакаат да ризикуваат, а загубата може да ги вознемири до толку што ќе им се наруши психичкото здравје. Затоа ретко ќе видите знак во Вага како „фрла“ пари за коцкање.
Скорпија
Скорпијата е роден тактичар, освен тоа тој го сака адреналинот, а ризикот што коцкањето ги нуди, дефинитивно му ја обезбедува потребната доза. Коцкарските игри им помагаат на претставниците на овој знак да се ослободат од напнатоста.
Стрелец
Стрелецот е импулсивен играч и без да мисли брзо ќе се обложи на голема сума пари и ќе ја тестира среќата. Сака да ризикува, бидејќи верува дека ќе победи. Проблемот е што понекогаш се издава и другите играчи го забележуваат тоа. Покер не е игра за знакот Стрелец.
Јарец
Хороскопскиот Јарец верува во среќа и често ја пробува. Причината е дека сака да мечтае како заработува големи пари и потоа ги троши по типичен за него практичен и разумен начин. Може да се навлече на спортско обложување.
Водолија
Водолиите се скептични кон коцкањето. Не веруваат во случајна среќа, затоа не им претставува интерес да се пробуваат. Иако победата најверојатно ќе биде на нивна страна, бидејќи имаат силно развиена интуиција.
Риби
Рибите дефинитивно не се пример на тип за коцкање. Причината е тоа што не сакаат да ги ризикуваат своите пари, а нејасната победа ги плаши, затоа што рибите се повеќе странични набљудувачи отколку активни играчи.