Хороскоп: Кој е најдобар во сексот?

Лавовите горат од страст, Близнаците се креативни љубовници. А вие?

ОВЕН

Има моќна и привлечна личност, а тоа што сака да ја има контролата го прави добар љубовник. Може да се возбуди за кратко време, па е нестрплив, а некогаш и себичен – што може да предизвика и проблеми во врската. Но, ако го погодите кога е посебно расположен за секс, тој ќе биде постраствен од сите други знаци. Ако сакате да го заведете, не смеете да бидете срамежливи. Покажете дека умеете да размислувате и бидете спонтани – ништо повеќе не ги возбудува Овните од непредвидливоста.

БИК

Тој е најмажествениот знак, па има и најсилен сексуален нагон. Не е грешка ако се рече дека тој е најдобриот љубовник во зодијакот. Сексуалниот апетит му е незаситен и секогаш копнее за физички контакт, но немојте да брзате со Бикот. За него, добрата љубов е како добрата храна – сака полека и да ужива во истата. За да го заведете, подарувајте му подароци и разбудете ја неговата сензуалност, со тоа што секогаш убаво ќе мирисате, ќе имате свеж здив и мека кожа.

tumblr_lpdvw4aguS1qmecrwo1_500-485x378[1]

БЛИЗНАЦИ

Ако сакате паметни луѓе, Близнаците се најдобрите љубовници за вас. За да допрете до нив, мора да сте интелигентни и духовити. Тие се мајстори за флертување и можат да ве соборат само со еден допир. Како љубовници, тие се мошне креативни, па нема никогаш да ви биде досадно, што значи дека мора да се потрудите и нив да не им е досадно со вас. Ласкањето е најдобрата стратегија за заведување. Суптилно покажете им дека мислите дека се паметни, прашајте ги за совет и парирајте им.

РАК

Тој е најемотивниот и најчувствителен знак. Потребен му е нежен допир, длабока емоционална поврзаност и внимателен и посветен партнер. Раковите се слатки и внимателни љубовници, ама ако ја изгубите нивната доверба, ништо нема да ги спречи да се осветат. За да ги заведете, се што ви треба е романтична атмосфера. Тие уживаат кога другите се грижат за нив.

sm-485x363[1]

ЛАВ

За добар дел од луѓето, Лавот е најдобар љубовник. Тој константно блешти со страст, а сексуално е секогаш полн со самодоверба и моќ. Во креветот е секогаш инвентивен, а својот партнер постојано го опсипува со подароци и внимание. Прилично лесно е да го заведете – потребно му е само константно внимание. За да допрете до неговата понежна страна, играјте си и галете ја неговата коса.

ДЕВИЦА

Ако сте спремни некому да му бидете целиот свет, Девицата најдобро ќе ви ја додели таа улога. Никој како нив не може да ви додели толку внимание. Делуваат студено и смирено, но само на површината. Всушност, се изразито сензуални личности. Сепак, Девицата нема да биде најдобар љубовник за сите. Често се опседнува со една личност, а кога се заљубува, се заљубува до крајот на животот. За да ги заведете, морате да бидете уредни, па и речиси совршени (во склад со тоа што тие го сметаат за совршено). Девиците се екстремно пребирливи.

ove-between-Woman-et-Man-kiss-hug-Photography-art-breast-vintage-Hmmm-%D0%94%D0%B5%D0%B2%D1%83%D1%88%D0%BA%D0%B0-1-Pashion-love-pics-romantik-rene_large-485x318[1]

ВАГА

Вагата сака да им удоволува на луѓето, па тоа ја прави внимателен и приврзан љубавник. Таа е многу емотивна, па морате да внимавате во исполнувањето на нејзините фантазии. Надарени се за флертување и сакаат да експериментираат во креветот. За да ја заведете, морате да бидете романтични, и тоа во старомодната смисла на зборот – префинети, мили и лежерни.

ШКОРПИЈА

Шкорпијата е најсексуална од сите знаци. За многумина, тоа е знакот кој го обележува најдобриот љубовник. Оние кои се нашле во креветот на Шкорпијата можат да се чувствуваат искористени и изманипулирани, а тоа и не е така случајно. Понекогаш, Шкорпијата токму тоа го прави – ги искористува луѓето само за секс. Шкорпиите имаат привлечна и неодолива личност, а на физички план се одлични љубовници. Сепак, на емотивен план, делуваат оддалечено. Тешко е да ги заведете, обично тие се оние што заведуваат.

hook-up-getty-0407-large-new-485x363[1]

СТРЕЛЕЦ

Весел е и често се однесува како дете, што во креветот значи дека е креативен. Тој долго останува „млад во душа“, па е отворен за експерименти. Двојната личност значи дека може да биде див и страстен, а потоа да посака да продолжи понатаму кон друг љубовник. Не е склон кон врски, ама ако сте за забава, Стрелецот е вистинскиот избор. За да го заведете, фокусирајте го вниманието на струкот, колковите и бутовите – таму сака да биде допиран. Како бонус, морате да поседувате смисла за хумор и да имате оптимистичен поглед на светот.

ЈАРЕЦ

Тој е резервиран и треба да биде многу заљубен за да премине на физичка интимност. Не е расположен за експерименти, но тоа пак го прави стабилен, смирен и сигурен животен партнер. За да го заведете, морате да се потрудите и да бидете умерени. Фокусирајте се на суптилни допири и секси долна облека и немојте одеднаш целосно да им се предадете. Постепеното зближување ќе доведе до силна и жешка експлозија.

one_night_stand[1]

ВОДОЛИЈА

Овој знак ве сака заради вашето тело и не му е важно дали сте во врска кога во прашање е секс. САкаат дива страст и непредвидлива романса. Нивната бунтовничка природа значи дека бараат личност која е што помалку совршена. Ако барате жежок љубовник, Водолијата е најдобар избор за вас. За да ја заведете, глумете дека сте заинтересирани и тешко освојливи.

РИБИ

Врската со нив е полна со задоволства. Потребен им е стабилен и среќен партнер. Кога еднаш ќе најдат таков, радо ќе прифатат се што ќе се предложи во сексот. За да ги заведете, мора да сте агресивни. Тие природно се мрзеливи и не сакаат да бидат оние што „бркаат“, ама сакаат вие да ги бркате нив.

- Реклама -