Риби 20.2.- 20.3.
Љубов
Некои ќе се подготвуваат да кажат нешто важно и во главата ќе спремаат голем говор.Не изразувајте што мислите , ако тоа не можете да го промислите.
Кариера
Еден трошок малку ќе ве вознемири, но набргу ќе воспоставите контакт со кој ќе развиете работа и ќе го надоместите.
Здравје и совет
Добро ќе маневрирате.
Овен 21.3-20.4.
Љубов
Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачат.Тоа ќе биде напредок и благо олеснување.
Кариера
Ако имате проблеми да го изработите неопходното, сетете се на своите стручни знаења и набргу ќе дојдете до решение.
Здравје и совет
Одморете,наспијте се.
Бик 21.4- 20.5.
Љубов
Можно е некој да ви предложи излез од љубовниот лавиринт , но не сте подготвени тоа да го спроведете на дело.
Кариера
Пред вас е порака, понуда или слично , која што доаѓа од странство.Сепак не е сосема дефинирана, но радува како можност.
Здравје и совет
Засега анализирајте.
Близнаци 21.5.-21.6.
Љубов
Изразувањето на личното незадоволство не е начин за подобрување на интимните односи , доколку не предложите и некои конкретни решнија.
Кариера
Верувајте дека можете подобро и повеќе.Имате право , но не треба од себе да го барате неможното.И вие сте само човек.
Здравје и совет
Бидете пореални.
Рак 22.6-22.7.
Љубов
Денеска завршувате една фаза на својот еротски живот и ги комплетирате искуствата.Оние во врска се добро ,а осамените заведуваат.
Кариера
Веројатно ќе се најдете покрај големи вложувачи во вашата работа, но работите се уште не се дефиинирани , ниту готови.
Здравје и совет
Здрави сте и подготвени за нови предизвици.
Лав 23.7-22.8.
Љубов
И да одите чекор напред па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате.Тоа ќе го препознае и другата страна.
Кариера
Денеска ќе се занимавате со некои нежни теми или естетски , уметнички и креативно подобрување на работата.
Здравје и совет
Имате добра форма.
Девица 23.8.-23.9.
Љубов
Ќе бидете стабилни и сигурни во својата врска , зашто ќе се појават резултатите од вашите претходни љубовни делувања.
Кариера
На чекор сте до моментот кога ќе ве забележат и оние кои до сега не ве забележувале.
Здравје и совет
Само продолжете со зададените активности.
Вага 24.9.-23.10
Љубов
Ако ви се пристори како партнерот ви ги крои деновите , ќе се побуните , а потоа ќе продолжите тоа да го прави до одреден степен.
Кариера
На некои ќе им се чини дека се им е однапред зацртано, па немаат многу простор за маневрирање.
Здравје и совет
Имате доволно слобода , без грижа.
Шкорпија 24.10-22.11.
Љубов
Ви претстои големо пријателство, можеби и повеќе , а до зближувањето ве дели еден мал чекор.
Кариера
Ќе се ослободите од некаква нејаснотија , што ќе ја видите пред да ја забележат другите.Сепак не се однесувајте како се да знаете, туку дадете им шанса и на другите.
Здравје и совет
Ќе бидете разбрани.
Стрелец 23.11.-21.12.
Љубов
Оние кои се вљубени , би можеле на саканата личност да и предложат нешто поврзано со заедничкиот дом .
Кариера
Ќе довршувате мало инвентирање, кое е предуслов за уште поголемо напредување во работата.Ќе успеете.
Здравје и совет
Не претерувајте со јадење и пиење.
Јарец 22.12.-20.1.
Љубов
Ќе ја носите саканата личност од место на место и ќе и покажувате каде би можеле еден ден да живеете заедно.
Кариера
Добро ќе соработувате со сите , но најдобро со младите соработници. Ќе уживате во тоа.
Здравје и совет
Бидете она што сте.
Водолија 21.1.-19.2.
Љубов
Ако веќе толку сакате да се жалите, тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба, а не на онаа со која сте во врска, зашто ќе и бидете напорни.
Кариера
Можеби ќе посакате сите да ве остават на мир, за да го одработите својот дел од работата со потребната концентрација.Ќе ви тргне од рака.
Здравје и совет
Можни се преоптоварувања.