Најмалку осум лица се повредени во земјотресот што вечерва ја погоди турската провинција Хатај, потврди турскиот потпретседател Фуат Октај, јави агенцијата Анадолија.
Градоначалникот на Хатај изјави под урнатините има затрупани лица, јави Би-Би-Си.
وقع زلزالان آخران ، أحدهما 6.4 والآخر 5.8 ، في هاتاي ، جنوب تركيا ، هذا المساء. كما شعر لبنان بقوة بالزلزال الجديد الذي هز هاتاي. كما شعر بالزلزال في سوريا والأردن وإسرائيل. لسوء الحظ ، ظل الناس تحت المباني المنهارة ، ولا توجد معلومات أكثر تفصيلاً حتى الآن. pic.twitter.com/l7bf9kzTMl
— Memet Aksakal (@aksakal_memet) February 20, 2023
Сириската новинска агенција САНА објави дека во Алепо има шест повредени лица при уривање на веќе оштетени згради.
Вечерва беше регистриран нов земјотрес со јачина од 6.4 степени, а по неколку минути уште еден од 5.8 степени, во покраината Хатај, што беше тешко погодена од силниот земјотрес пред две недели во кој загинаа повеќе од 45.000 луѓе во Турција и Сирија.
Two new earthquakes, one 6.4 and one 5.8, hit Hatay in the south of Turkey around 30 minutes ago. pic.twitter.com/uqslECtP2K
— Memet Aksakal (@aksakal_memet) February 20, 2023
Анадолија соопшти дека Агенција за управување со катастрофи Афад, наведува дека епицентарот на земјотресот е во градот Дефне во провинцијата Хатај, а се случил во 20:04 часот по локално време (18:04 часот по средноевропско време).
Земјотресот беше силно почувствуван во Антиохија и Адана, 200 километри северно од епицентарот.
Турската телевизија НТВ јави дека некои оштетени згради се урнале поради земјотресот.
📌Hatay’da 6.4 şiddetindeki #deprem anı… (Politic Türk) #SonDakika pic.twitter.com/HPMDCD0ziG
— 23 DERECE (@yirmiucderece) February 20, 2023
Досега речиси 45.000 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7.7 степени според Рихтеровата скала што на 6 февруари ги погодија Турција и Сирија.
Турските власти оттогаш регистрираа повеќе од 6.000 последователни потреси.
Извор: МИА