Славниот актер е во шок, поради големата семејна трагедија.
Едина Хајнс (33), внука на Морган Фримен, била убиена на свиреп начин во Њујорк, а како што наведуваат американските медиуми, нејзиниот дечко Ламар Девенпорт ја бодел со нож, до смрт.
За да биде уште поужасно, Ламар ја пресретнал Едина сред улица во Менхетен и неколку пати и нанел убоди во стомакот, додека под влијание на дрога сакал да го истера демонот од неа. Сведоците тврдат дека Девенпорт стоел над телото над мртвата девојка и викал: „Излезете ѓаволи, ве протерувам од името на Исус“.
Полицијата го одвела болниот Ламар во психијатарска установа, а се очекува истрагата допрва да утврди што навистина се случило.
Инаку, Едина е посвоена внука на Морган Фримен, кој со нејзината баба Џенет Бредшоу беше во брак од 1967 до 1979 година.