После гледањето на оваа снимка, Телетабисите сигурно нема да ги гледате со исти очи.
Кој би рекол дека овие весели јунаци од детската серија можат да изгледаат страшно во црна-бела варијанта, придружени од песната на групата „Џој Дивижн“?
На интернет некое време кружеше црно-бела фотографија на некогашните омилени детски херои, а многумина на социјалните мрежи коментираа дека изгледаат застрашувачки.
Еден корисник на Јутуб, Кристофер Браун беше инспириран токму од овој коментар да направи своја Телетабиси верзија на спотот за оваа песна. Тој земал едно видео од една епизода на популарната серија и ја тргнал бојата, така што Тинки Винки, Дипси Ла ла и По изгледаат како да излегле од некој пост-апокалиптичен филм.
Заедно со песната на оваа група, крајниот резултатот е чуден и застрашувачки, како да го режирал самиот Дејвид Линч.